Кога ќе се спомене Ник Нолти, првото што ќе ви дојде на ум е бунтовеникот со раскошна актерска кариера, но и приватен живот обвиен со скандали, арести и автодеструктивно однесување. Од најпосакуван маж во светот, до фотографија на улица каде изгледа како бездомник – падот на холивудската икона е приказна каква што само животот може да напише.
Некогашниот секс-симбол со атлетска градба и длабок глас, кој во 1992 година беше прогласен за „најпосакуван маж на светот“ од списанието People, денес живее повлечен живот во Малибу, далеку од блескот на Холивуд.
Но јавноста беше шокирана кога актерот беше фатен во излитена облека и со долга, неуредна брада – многумина мислеа дека станува збор за бездомник. Подоцна се откри дека Нолти всушност се подготвувал за нова улога – вистински професионалец докрај!
Скандали, падови и темни тајни: Живот како од филм
Нолти во својата автобиографија „Бунтовник: Мојот живот надвор од границите“ (2018) открива детали од живот исполнет со ексцеси: бил отфрлен од неколку универзитети, уапсен поради фалсификување документи и замалку не добил 45 години затворска казна.
Во 2002 година, повторно завршува во полициска станица – овојпат поради возење под дејство на опијати. Во крвта му е пронајдена дрога што често се поврзува со сексуални напади, но актерот тврди дека ја користел „за медицински цели“.
Поврзани објави
Неговиот метод на „подготовка за улога“ бил толку краен што јадел храна за кучиња за да се внесе во лик на бездомник, а за потребите на филмот Добар крадец осум недели користел хероин за да ја долови реалноста на зависноста. Некои би рекле: генијалец или лудак?
Љубовен живот на ролеркостер
Ник Нолти се оженил четири пати и има две деца – Броули (39) и Софија (18), кои исто така се занимаваат со актерство. Во минатото бил во романса со Дебра Вингер и Вики Луис, а признава и афера со актерката Жаклин Бисе за време на снимањето на филмот „Длабочина“.
Последен чин: Мир во сенка
Денес, Нолти живее далеку од светлата на рефлекторите – во куќа полна со книги и стари ракописи, опкружен со зеленило и тишина. Според блиски извори, конечно го шронашол мирот, а демоните што го прогонувале со децении – полека исчезнуваат.