Ана Бекута за конфликтите во шоуто но и соработката со Босанец: „Сè е природно, без режија“
Шоуто Ѕвездите на Гранд постои повеќе од две децении, а често во јавноста се шпекулира дали конфликтите меѓу членовите на жирито се вистински или однапред наместени. Ана Бекута, една од најистакнатите членови на жирито, ги разјасни овие дилеми.
Секако дека има ситуации кои не вадат од такт. Конфликтите со колегите се природен дел од нашата работа. Сè се случува во живо, тоа е жива работа. Некој ден сме расположени, некој ден не сме. Понекогаш стануваме на лева нога, понекогаш не. Се трудиме да бидеме природни, барем јас. Нашиот карактер доаѓа до израз и ништо не е наместено, нема режија. Сето тоа спонтано се случува“ – изјави Бекута.
Бекута се осврна и на својата долгогодишна соработка со колегата Драган Стојковиќ Босанец:
Тој е мој голем пријател, колега и соработник. Се почитуваме уште од првиот албум што го направивме во 1989 година – „Stani stani zoro“. Имаме направено три албуми, а денес младите кои учат хармоника ги свират токму тие песни. Често ми испраќаат видеа, а јас со радост ги споделувам. Тие песни ги сакаат и ги учат на хармоника“ – рече таа.
Поврзани објави
На прашањето дали би продолжила соработката со Босанец, Бекута искрено изјави:
Не знам дали би можеле да ги повториме успесите од тогаш. Тоа беше поинакво време, со друг стил на музика. Поинаку се живееше. Можеме да направиме нови песни, па што биде, но не сум сигурна дека би го доловиле шмекот од тие години“.
Изјавите на Ана Бекута уште еднаш покажуваат дека шоуто Ѕвездите на Гранд е полн со емоции, искреност и професионализам, а конфликтите и спонтаните моменти се само дел од магијата што го прави ова шоу уникатно.
Фото: printskrin Youtube/ Grand Magazin
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: