Почетна Убавина и здравјеОваа промена ѝ избришала најмалку 15 години од лицето! – Убавина и здравје

Оваа промена ѝ избришала најмалку 15 години од лицето! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Деми Мур се појавила со комплетно нова фризура, а обожавателите се воодушевени од промената!

Заштитниот знак на актерката Деми Мур со години е долгата црна коса, која најчесто ја носи права. Иако таа фризура одлично ѝ стои, се чини дека новиот изглед уште повеќе ја воодушевил јавноста! Многумина коментираат дека оваа промена ѝ прилега феноменално и дека изгледа посвежо и помладо, но има и такви што навиваат дека станува збор за перика и дека холивудската убавица набрзо ќе ја пушти својата коса.

„Ме изненади, но сè уште си прекрасна… Кажи ми дека ова е перика! Твојата коса е уметничко дело! Одлично изгледаш, промената ти прилега. Убаво е да се види нешто ново“, се само некои од коментарите што следбениците ѝ ги оставале под фотографиите.

Деми кон крајот на минатата година наполнила 62 години, иако многумина ѝ даваат најмалку дваесетина помалку. Нејзината младоликост и стилот отсекогаш ја издвојувале во Холивуд, а се чини дека ни сега не престанува да изненадува.

Како Деми Мур успева да изгледа толку добро на 62 години?

Хидратација на лицето

Од мајка ѝ своевремено добила важен совет – секогаш добро да го чисти лицето и да го мачка со хидратантен крем.

Посебен пешкир за отстранување шминка


Поврзани објави

Холивудската ѕвезда вели дека има многу чувствителна кожа, поради што користи минимален број на производи кои би можеле евентуално да ѝ ги затнат порите или кои имаат дополнителни парфеми. Кога станува збор за отстранувањето на шминката, употребува пешкир што се вика Make Up Eraser, за којшто се вели дека ги отстранува буквално сите остатоци.

Лимфна дренажа

Откако ќе нанесе серуми и кремови на лицето, добро ги трие вилицата, јаболчните коски, челото и вратот. Актерката тврди дека така се отстранува сета напнатост од лицето. Тоа го активира протокот на крвта во кожата. Ако имате повеќе од 50 години и чувствувате дека кожата ви паѓа, ова овозможува неверојатен лифтинг.

Престанала да пие алкохол

Иако порано често пиела, со години ги одбегнува алкохолните пијалаци, бидејќи токму тоа ја намалува количината на антидиуретички хормони во организмот, кои ја одржуваат кожата хидрирана и му помагаат на телото да апсорбира вода.

Нега на душата

Славната актерка посочува дека најважна ѝ е грижата за тоа како се чувствува, како и потребата да си ја храни душата со работите што ја прават среќна. Тогаш и надворешната убавина доаѓа до израз.