Смоквите без сомнение се вбројуваат меѓу најздравите видови овошје, но многумина не се запознаени со нивните лековити својства.
Без разлика дали се свежи или сушени, смоквите се богати со бројни корисни фитoнутриенти, антиоксиданси и витамини. Сочната и слатка смоква е едно од првите овошја во кои уживале нашите предци. Се претпоставува дека луѓето почнале да ја одгледуваат смоквата дури пред пченицата, јачменот и мешунките.
И покрај ниската калорична вредност (само 74 калории на 100 грама), смоквата содржи растворливи растителни влакна, минерали и витамини. Свежите смокви се ценети поради изобилието на антиоксиданси, како што се каротени, танини, лутеин и хлорогенска киселина. Покрај тоа, тие содржат високи количини витамини со антиоксидативно дејство, како што се витамините A, E и K.
Антиоксидансите не’ штитат од слободните радикали, чие штетно дејство може да доведе до предвремено стареење, деменција, срцеви заболувања и карцином.
Смоквите може да помогнат при запек (опстипација)
Ако се соочувате со запек, пробајте го следново решение со смокви. Всушност, тоа и не е лек во класична смисла, туку едноставно – уживање во смокви во текот на денот. Добро е да се знае дека во само три плодови смоква има околу 5 грама природни влакна. Високата содржина на природни влакна во смоквите придонесува за здраво функционирање на цревата и го поттикнува редовното празнење.
Поврзани објави
Интересно е што смоквите дејствуваат и спротивно – редовната, но умерена консумација на свежи смокви може да помогне и во спречување на дијареја.
Диета со помош на смокви
Природните влакна во смоквите исто така можат да помогнат при слабеење, поради што често им се препорачуваат на лица со прекумерна телесна тежина. Сепак, поради нивната висока енергетска вредност, може да дојде и до зголемување на телесната тежина, особено ако се консумираат со млеко. Доволно е да изедете неколку смокви за да го задоволите дневниот внес на хранливи материи – важно е да не претерувате.
Текст: Убавина и здравје
Фото: freerangestock.com