Кандидатката Катарина Дакиќ на сцената излезе со црвена ракавица, испраќајќи силна порака поврзана со актуелни настани.
На финалето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ што се одржа минатата сабота, на сцена излезе кандидатката Катарина Дакиќ со црвена ракавица, која привлече големо внимание и предизвика скандал.
Дакиќ објасни дека ракавицата е симбол на „крвава рака“ и дека својот настап го посветила на жртвите од несреќата во Нови Сад, кога падна надстрешница и загинаа луѓе.
Поврзани објави
Покрај тоа, таа истакна дека црвената ракавица претставува симбол на „блокадерите“ кои, според неа, во соработка со опозицијата и странските служби, се обидуваат да изведат „обоена револуција“ во Србија.
Овој неочекуван настап предизвика жестоки реакции кај публиката и медиумите, а темата за политичкиот аспект на настапот се уште се дискутира.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda