Почетна Убавина и здравјеОваа личност ако прва ви влезе на Божиќ во домот ќе имате радост целата година

Оваа личност ако прва ви влезе на Божиќ во домот ќе имате радост целата година

од nenad
1 минути читај за

На денот на Божиќ христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа одат дома, каде е подготвена богата трпеза.

Обичај е и цел ден на маса да има пченица во која е поставена свеќа. Ова природно зеленило е украс на божиќната маса, а симболично претставува умирање и повторно раѓање на природата, а во христијанската вера е благослов за летнината.

Тој ден луѓето го празнуваат во својот дом, а по ручекот одат да честитаат Божиќ на роднините и пријателите. Коледарењето порано се правело со пеење традиционални божиќни песни, а обичај бил домаќинот да ги дарува коледарите.

Православните верници вториот ден го прославуваат во чест на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божиќ се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.

Симболи на Божиќ

Инспирирано од: lady.mk