Почетна Убавина и здравјеЗнаете ли кој е највалканиот предмет што го користите секој ден?

Знаете ли кој е највалканиот предмет што го користите секој ден?

од nenad
2 минути читај за

Не се тоалетната школка, кваките или рачките во јавниот превоз. Предметот што постојано го држите во раце може да има и до десет пати повеќе бактерии од тоалетната школка.

Во текот на денот допираме стотици различни предмети, најчесто без да размислуваме за бактериите и микроорганизмите што се задржуваат на нивните површини. Но, еден предмет што речиси никогаш не го испуштаме од раце може да биде вистинско жариште на бактерии – мобилниот телефон.

Го носиме насекаде, го користиме дома, на работа, во јавен превоз, па дури и во тоалет. Притоа, често го допираме без претходно да ги измиеме рацете, а ретко одвојуваме време за негово темелно чистење.

Кајтлин Манган, раководителка на лабораторија во компанијата „Гилсон Сајенсис“, за „Популар Сајенс“ објаснува дека мобилните телефони ги допираме илјадници пати дневно, но ретко ги чистиме. Според податоците на Институтот за здравствена политика и иновации при Универзитетот во Мичиген, на мобилниот телефон може да има и до десет пати повеќе бактерии отколку на тоалетната школка.

Кои бактерии се задржуваат на мобилниот телефон?

На површината на телефонот може да се најдат стафилококи и стрептококи, но и бактерии поврзани со фекално загадување, како ешерихија коли и фекални ентерококи. Некои од овие бактерии можат да предизвикаат инфекции на кожата, воспаление на грлото, но и дигестивни проблеми, вклучувајќи мачнина, повраќање и дијареја.


Поврзани објави

Сепак, самото присуство на бактерии на телефонот не значи дека задолжително ќе дојде до инфекција. Количеството микроорганизми зависи и од тоа колку често се допира предметот и колку редовно се чисти. Интересно е што рачка во јавниот превоз, која редовно се дезинфицира, може да има помалку микроорганизми од мобилен телефон што речиси никогаш не се чисти.

Како да го намалите ризикот од бактерии?

Една од најважните препораки е да избегнувате користење на мобилниот телефон во тоалет, како и негово оставање на потенцијално загадени површини. Добро е да не го прислонувате директно на образот и устата, а редовно да ја чистите и неговата површина. Притоа, користете средства што се безбедни за уредот и следете ги упатствата на производителот за да не го оштетите.

Сепак, наједноставната и една од најефикасните мерки останува редовното и темелно миење на рацете. Така се намалува можноста бактериите да се пренесат од рацете на телефонот, другите предмети или во организмот.

Фото: pexels