Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, во програмата на телевизијата Пинк во врска со последните настани на северот на Косово.
Ракиќ рече дека ги негира наводите на албанските медиуми дека во Зубин Поток се случил напад врз КФОР.
– Сакаат дополнително да ја вжештуваат ситуацијата за да предизвикаат конфликти. Србите ги почитуваат припадниците на КФОР – рече Ракиќ.
Како што дознаваме, околу 19:45 часот се слушнале истрели во Зубин Поток.
Престрелката се случила кога специјалните сили на Курти се обиделе да ја отстранат барикадата на алтернативен пат.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, неодамна ја заврши средбата со премиерката Ана Брнабиќ и воениот врв, а по средбата со претседателот Вучиќ, генералот Милан Мојсиловиќ итно замина во Рашка.