Почетна ЕкономијаНови протести низ Франција по повик на синдикатите

Нови протести низ Франција по повик на синдикатите

од nenad
1 минути читај за

Француските синдикати денес иницираа нов циклус на протести, барајќи од новиот премиер на државата, Себастијан Лекорни, „да обезбеди мерки за социјална правда“ во предлог-буџетот.

Околу 250 собирања и поворки се планирани низ целата држава, при што се очекува учество на од 300.000 до 350.000 лица, меѓу кои и 20.000 до 40.000 во Париз, како што посочуваат официјални лица.

Првичниот бран на вакви демонстрации беше организиран на 18 септември, и се претпоставува дека на улиците излегоа од 500.000 до дури и над еден милион луѓе.

Протестите се фокусирани на буџетските политики што минатото лето ги предлагаше поранешниот премиер Франсоа Бајру, кои имаа за цел да го редуцираат државниот дефицит, а чија влада беше срушена на 8 септември.

Новиот премиер Лекорни вети кратење на државниот буџет, но и извесни „фундаментални прекини и промени“ во буџетските прашања.

Неговиот кабинет денес соопшти дека разгледува повеќе опции за намалување на даноците во полза на работниците.

Министерството за транспорт објави дека брзите возови и јавниот превоз во Париз функционираат регуларно.

Студентите организираа блокади и штрајкови на неколку универзитети низ целата земја, кои беа прекинати поради апсења и проблеми во сообраќајот.

Веќе се одржа протестен марш во Марсеј, а друг е предвиден за Париз подоцна попладнево.

МИА архива .

Извор: МИА