НЛБ предупредува на лажни СМС пораки со кои измамници го злоупотребуваат името на банката за да дојдат до лични и банкарски податоци на граѓаните.
Во пораките најчесто има линк преку кој од корисниците се бара да внесат податоци за картичка, лозинка или електронско и мобилно банкарство.
Од банката апелираат да не се отвораат сомнителни линкови и да не се внесуваат доверливи податоци преку СМС пораки.
„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС-линк , предупредуваат од банката.
Станува збор за таканаречена „smishing“ измама, при која сторителите преку лажни пораки се обидуваат да ги украдат податоците и да ги злоупотребат финансиските средства на жртвите.
НЛБ ги повикува граѓаните на зголемена внимателност и доколку добијат ваква порака – да не го отвораат линкот и веднаш да ја пријават измамата.