Почетна МакедонијаНи се заканува ново вето од членка на ЕУ, ова од Бугарија е “гола вода”

Ни се заканува ново вето од членка на ЕУ, ова од Бугарија е “гола вода”

од nenad
1 минути читај за

Поранешниот обвинител Војо Димоски на Фејсбук предупреди дека на Македонија можеби ѝ се заканува ново вето од Холандија поради „урнисаното судство“ додека бугарското вето е „гола вода“ во споредба со тоа.

Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува. Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд… Ова бачило, вакво сирење дават!“, порача тој.