Раперот Слаткар, еден од најпознатите македонски музичари, ги стопи срцата на своите следбеници со преслатко видео на Инстаграм. Овојпат, главната ѕвезда не беше самиот тој, туку неговото синче, кое во пижами и утринска атмосфера, ја пееше најновата песна на неговиот татко, дуетот со Тони Зен „Милион лета“. Малиот Моша ја покажа својата музичка страна, внесувајќи насмевки и позитивна енергија кај сите што го погледнаа видеото.
Во видеото кое Слаткар го сподели, малечкиот Моша во пижами, со детска невина радост, го имитира својот татко и ја пее песната со голема страст. Прекрасната сцена е полна со топлина и ја доловува уникатната врска помеѓу таткото и синот, покажувајќи дека љубовта кон музиката е очигледно вградена уште од најмали нозе.
Поврзани објави
Видео: Инстаграм