На прашањето како да ја заштитиме Македонија и се што е македонско а напоредно сето тоа да го промовираме, проф. Трајков вели дека нашиот однос кон нашата држава зависи исклучиво само од нас.
-Македонија е бренд сама по себе, како велат: само сонцето е постаро од Македонија… но ние не научивме дека треба да го искористиме секое нејзино ќоше кое е инспиративна приказна за секој еден кој живее надвор а сака или има тенденција да биде макар и на неколку дена дел од приказната за Хераклеа, Кокино, Калеш Анѓа, македонскиот Ерусалим Охрид итн. Под итно да го смениме односот кон нашето, македонското! Само така ќе одиме напред!, додаде проф.Трајков.
Извор : Kurir.mk
Професор Викторија Трајков: “Никој не сака да живее во дисфункционална држава”