Почетна ЕкономијаНиколоски: Проектот „Безбеден град“ бара учество од сите, се надевам законите ќе бидат изгласани

Николоски: Проектот „Безбеден град“ бара учество од сите, се надевам законите ќе бидат изгласани

од nenad
1 минути читај за

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изрази оптимизам дека опозицијата ќе даде поддршка на законските предлози за реализација на проектот „Безбеден град“, особено по, како што напомена, даденото ветување на лидерската средба.

Тој апелираше сите чинители да се вклучат во овој проект, истакнувајќи дека неговата цел е спасување на човечки животи.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста Собранието да побара одложување на проектот од МВР за најмалку три месеци, Николоски одговори дека „се работи за принципиелно прашање и дека можеме да одложиме еден месец, три или шест месеци, но на крајот од денот прашањето е дали сакаме да воведеме ред во државата или не“.

– Видете кој е во опозиција. Опозиција е СДСМ, коишто започнаа целосно деструктивна кампања, којашто, морам да признаам, не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто добро се сеќаваме што се случуваше додека беа на власт. Се надевам дека ќе се освестија и дека законите, особено оние кои бараат двотретинско мнозинство, ќе бидат изгласани, особено по ветувањето на лидерската средба, изјави Николоски, по присуството на одбележувањето на празникот Водици во Охрид.

На прашање дали би прифатил одложување, тој смета дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и, во согласност со она што било постигнато на лидерската средба, да се постигне консензус.

– Ова е проект што спасува животи и сите треба да учествуваат во него, порача Николоски.