Почетна ЕкономијаНиколоски: Победа за државата во случајот „Казандол“, заштедени 115 милиони евра

Николоски: Победа за државата во случајот „Казандол“, заштедени 115 милиони евра

од nenad
1 минути читај за

Владата донесе одлука за старт на подготвителни активности за комплетна обнова на железничката пруга од Скопје до Кичево, дел од Коридорот 8.

Европската Унија ќе додели 5,3 милиони евра грант за студија за изводливост, а водечка финансиска институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе избере консултант. После тоа, ќе се премине во втората фаза – работа на терен, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што потенцираше Николоски на прес-конференција, пругата е во незавидна состојба и моментално е невозможно по неа да се движат возови. “Затоа решивме прво да ја реконструираме, а потоа да ставиме модерна сигнализација и да ја електрифицираме.”

Министерот Николоски додаде: “Дури и да беше во добра состојба, по железницата ќе оперираа само дизел локомотиви.”

Вицепремиерот нагласи дека реконструкцијата ќе овозможи поврзување на Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. Тој исто така соопшти дека државата го добила спорот во случајот „Казандол“.

“Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен,” подвлече Николоски.

мч/са/Фото: МИА
Извор: МИА