Почетна МакедонијаНиколоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ носи развој и нови можности за Охрид (ФОТО)

Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ носи развој и нови можности за Охрид (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Foto: Printscreen / Facebook / Aleksandar Nikoloski

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Николоски преку објава на социјалните мрежи упати честитки за новата инвестиција, посочувајќи дека таа е особено значајна бидејќи покажува дека иднината на индустријата е во иновациите, дигитализацијата и технолошкиот развој.

Тој нагласи дека Владата останува посветена на создавање поволни услови за нови инвестиции, отворање перспективи за економски раст и нови работни места.

Според Николоски, ваквите инвестиции се важни и за зголемување на конкурентноста и создавање поголема додадена вредност во домашната економија.


Post Views: 64