Пејачот Немања Николиќ му честита на колегата Дарко Филиповиќ за успешниот бизнис, но не заборава да го потсети колку бил штедлив
Немања Николиќ со доза на хумор му даде поддршка на својот поранешен пријател и колега Дарко Филиповиќ, кој започна нов бизнис и веќе бележи одлични приходи. Иако му се радува на успехот, Немања искрено сподели дека Дарко отсекогаш бил штедлив – до таа мера што никогаш не им платил кафе, дури ни во времето кога добро заработувале.
Секоја му чест, штедеше уште на времето. Имавме и ние нешто заштедено, ама тоа се потроши. Животот во Белград е скап – трошоци, деца, сè тоа носи. А Дарко, тој правеше од еден динар – три!“, изјави Немања во емисијата „Ексклузив“.
Поврзани објави
Инаку, Дарко Филиповиќ започна да вложува за време на пандемијата на ковид-19, кога купи два стана во Грција.
Денес, тие се издаваат и претставуваат стабилен извор на приход за пејачот, кој своевремено со Немања беше дел од тимот на Ѕвездите на Гранд во 2004 година.
printskrin Youtube-Blic