Почетна Убавина и здравјеНикако не смеете да ги игнорирате овие симптоми! – Убавина и здравје

Никако не смеете да ги игнорирате овие симптоми! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Првите симптоми на тромб може да бидат подмолни, па луѓето често ги игнорираат

Тромбот е згрутчување што настанало во крвните садови и срцето, а последицата е коагулација на крвта.

Формирањето крвни згрутчувања е нормална појава во телото на човекот, всушност овој процес има важна улога во зачувувањето на здравјето. Благодарение на нив, се спречува загубата на големо количество на крв по повреда или хируршки зафат. Исто така, тие го спречуваат продорот на бактериите низ раната и на тој начин овозможуваат нејзино брзо зараснување.

Меѓутоа, во некои ситуации ова може да биде кобно.

Еве кои се симптомите на појава на тромб:

Отекување – може да се случи на истото место каде што се развило згрутчувањето или на целата нога или рака.

Промена на бојата – може да забележите дека рацете или нозете ви се со црвена или сина боја.

Болка – како што се влошува состојба, така ќе чувствувате посилна болка. Чувството може да варира од тапа болка до интензивна.

Поврзани објави

Отежнато дишење – ако ви се случи ова, тоа може да значи дека тромбот се преместил од рацете или нозете до белите дробови. Може да дојде до силна кашлица или крв при кашлањето.

Грчеви во долниот дел на нозете – ова чувство се појавува доколку згрутчувањето е во ногата.

Кога крвното згрутчување ќе се најде во близина на срцето, се појавуваат следниве симптоми:

  • Силна болка во рацете и во градите.
  • Потење.
  • Потешкотии при дишењето.

Проблемите со дишењето и потењето се појавуваат и кога тромбот ќе се најде во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија. Освен тоа, другите симптоми вклучуваат:

  • Силна болка во белите дробови
  • Кашлица
  • Вртоглавица

За жал, тромбот може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар. Внимавајте на следниве симптоми:

  • Проблеми со видот и говорот
  • Слабост