Список на кобни навики за постарите луѓе, особено кога надвор има повеќе од 30 степени Целзиусови
Летото носи сонце, ведрина и подолги денови, но за постарите луѓе, високите температури може да бидат тивка, но сериозна закана. Кога термометарот ќе надмине 30 степени, организмот кај постарите луѓе потешко ја регулира топлината, а чувството за жед честопати доцни. Поради тоа, токму тие се најзагрозени од топлотен удар, дехидратација и ненадеен пад на притисокот.
За жал, многумина и понатаму ја потценуваат моќта на сонцето и прават кобни грешки што можат да ги доведат до сериозна здравствена опасност, само затоа што не понеле шишенце вода, излегле во најтоплиот период од денот или облекле погрешна облека.
Токму затоа, ви пренесуваме листа на најопасните навики што постарите луѓе мораат да ги одбегнуваат за време на летните жештини и листа на задолжителни работи што никако не смеат да ги заборават пред да излезат од дома.
Кобни навики за постарите лица на +30 степени:
Не носат шишенце вода
Дехидратацијата е тивок убиец, а постарите луѓе честопати не чувствуваат жед. Секогаш носете вода и пијте редовно – не чекајте да ожедните!
Премногу кафе или алкохол
Диуретиците како кафе и алкохол дополнителни дехидрираат. Одбегнувајте ги целосно пред излегување.
Носат темна и синтетичка облека
Црната боја и синтетиката заробуваат топлина. Облекувајте лесна, светла, памучна облека.
Излегуваат без шешир, очила за сонце и кремови со заштитен фактор
УВ-зраците сериозно ја оштетуваат кожата, очите и влијаат врз терморегулацијата.
Излегуваат во најтоплиот период од денот (од 10 до 17 часот)
Поврзани објави
Во текот на овој период треба да се седи дома или во ладно. Ако баш морате да излезете, направете го тоа кратко и подготвено.
Премногу солена храна пред излегување
Солта задржува вода во телото и може да ја влоши состојбата на срцето и крвниот притисок.
Игнорирање симптоми како вртоглавица, мачнина, главоболка
Тоа може да бидат знаци на топлотен удар. Веднаш скријте се во ладовина, хидрирајте се и одморете.
Заборавање лекови што го регулираат притисокот и шеќерот
Високите температури го менуваат ефектот на лековите. Важно е редовно да ги земате и да се консултирате со лекар.
Прекумерна физичка активност надвор
Дури и лесната прошетка може да биде ризична – ограничете го движењето на раните утрински или вечерни часови.
Излегување без мобилен телефон или без да ги известат блиските
Во случај на слабост или губење ориентација, контактот е пресуден.
Еве што задолжително треба да носат повозрасните лица кога излегуваат надвор на жештините:
- Шишенце вода
- Шешир или качкет
- Очила за сонце
- Лесна облека
- Мобилен телефон
- Лична карта и список на лекови (за секој случај)
ФОТО: Freepik