Јирген Фундке е градскиот татко на Бад Гризбах во Баварија. Тој тври дека градот веќе ја исполнил квотата за бегалци и дека нема повеќе места во градинките, училиштата и во центрите за сместување.
Градоначалник во Германија направи скандал одбивајќи да прими 35 бегалци од Украина, а откако од Канцеларијата за миграција му беше наредено да дозволи лицата да се регистрираат во градот одговори со „јас не сум идиот“, објавија германските медиуми. Јирген Фундке е градскиот татко на Бад Гризбах во Баварија. Тој тври дека градот веќе ја исполнил квотата за бегалци и дека нема повеќе места во градинките, училиштата и во центрите за сместување.
Германија досега прими 1,1 милион украински бегалци. Некои градови, меѓу кои и Минхен, се пожалија дека се преоптоварени со украински бегалци. Прашањето стана особено битно за сојузните покраини во Источна Германија кои граничат со Полска. Во јуни, член на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) ги повика бегалците да се вратат во „безбедните обласи на западна Украина“ доколку не можат да најдат работа. Германското Министерство за надворешни работи одговори дека не постојат безбедни области во Украина.