Многумина не можеа да поверуваат дека ова е Софија Лорен, додека други со воодушевување коментираа дека „убавицата секогаш останува убавица“
На Инстаграм се појавија фотографии од Софија Лорен во домашно издание, без шминка.
„На 90 години, Софија Лорен и понатаму зрачи со истиот шарм со кој го маѓепса светот. Новите фотографии што кружат по интернет – направени во нејзиниот дом во Женева – нè потсетуваат која била и која сè уште е: жива легенда, силна, елегантна, префинета жена. Денес Софија не е само најголемата италијанска актерка на сите времиња, туку и прекрасен пример за достоинство, интелигенција и љубов кон животот.
Нека нè потсетат овие слики дека вистинската убавина е безвременска. И дека брчките на филмската кралица раскажуваат приказни што времето никогаш нема да ги избрише.
Ти благодариме, Софија. Го споделуваме овој насмев со гордост и емоции“, напиша комичарот Енцо Амато Мас.
Повеќето луѓе на Инстаграм ја фалат безвременската убавина на Софија Лорен:
„Многу точно! Убавината нема години! Нејзиниата насмевка ни кажува сè, прекрасно“, „Голема Софија! Кралска убавина!“, „Те сакаме засекогаш и ние остаревме, тоа е животот“, „Вистинска природна жена, ова е убавина!“, „Најубавата актерка на светот затоа што убавината доаѓа со шарм и елеганција“.
Малкумина се оние што велат дека не ја препознале актерката, дека сликата е фотошопирана или дека нејзиниот изглед не е природен. Тие, како одговор на коментарите дека е многу храбро што се фотографирала вака, додаваат: „Каква храброст… храброста е нешто друго… те молам…“.
„Штета што претера со пластични операции, грдо старее“, истакнуваат и тврдат: „Сè тоа е добро, но таа не е некоја фина старица, ајде, не ни продавајте илузии“, „Не станува збор за храброст, овие слики не требаше да ја видат светлината на денот“.
Поврзани објави
Прекрасната Софија Лорен, која изјави дека не планира да се повлече од светот на филмот, гордо позираше, а критичарите се во право – ова не било „храбро“ за Софија, затоа што таа одамна покажа колку е храбра жена. Да се прикажеш себеси без шминка е нешто сосема вообичаено, или барем треба да биде, но имајќи ги предвид стандардите за убавина – за некои тоа е далеку од убав изглед, па затоа и се истакнува храброста.
Некои забораваат дека самата Софија Лорен е стандард за убавина, благодарение на нејзиниот талент, харизма и став кон животот.
Дивата на 20 септември ќе наполни 91 година.
Софија во 2023 година доживеа несреќа кога падна во својот дом во Швајцарија, при што се здоби со повреди на бутната коска и колкот. Шест недели подоцна, нејзиниот менаџер Карло Густи изјави дека актерката закрепнува и дека сè оди во добра насока.
Актерката во 2016 година за списанието People зборуваше за тоа колку брзо минуваат годините:
„Кога имаш 20 години, не мислиш дека ќе наполниш 80, но кога ќе ги наполниш, сè уште не можеш да поверуваш. Боже, колку години поминаа, вау. Почнав кога имав 15 години, бев мала слаба чачкалица, а потоа растев и растев и растев“.
Лорен беше финалистка на изборот за Мис Италија, а на натпреварот за убавина првпат се појави како тинејџерка.