Едни ги обожаваат пивтиите, други не можат да ги видат. Едно е сигурно – одлични се за зглобовите! Но смееме ли сите да ги јадеме?
„Прочитав приказна на ваш читател што се ослободил од артроза благодарение на домашни пивтии. За нивно приготвување е потребно повеќечасовно готвење говедски ребра, додека се создаде желатинеста маса, па потоа долго ладење пред да мое да се јадат. Мојата тетка (78 години) исто така мисли дека, ако често јадеме пивтии и производи со додаток од желатин, можеме да се ослободиме од артроза и артритис. Патем, зглобовите навистина не ѝ прават проблеми. Но не е ли тешко тоа јадење за луѓето во години?“, прашува Светлана од Битола, а ѝ одговара Дина Павловна Балјасова, фитотерапвтка.
Поврзани објави
Младите што не страдаат од атеросклероза, со нормално ниво на холестерол во крвта (до 5,5 ммол/л), навистина може да јадат пивтии како превентива од атеросклероза и артритис. А на постарите луѓе не им го советувам тоа, бидејќи во ова јадење има многу желатин. Другите производи на база на желатин (овошно желе, на пример) се дозволени. Но имајте на ум дека тие ја зголемуваат коагулацијата на крвта.
Текст: Руски доктор