Почетна Убавина и здравјеНе пропуштајте го! – Убавина и здравје

Не пропуштајте го! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!Ах, таа непредвидливост на нештата, на животот воопшто. Живееш, се смееш, ја планираш иднината, кога одеднаш само за миг може да дојде до фатален пресврт. Она што е најалармантно е што никој не е безбеден од такво нешто, а меѓу таквите непредвидливости е тромбоемболизмот. Поради сериозноста на ова заболување, главна тема на бројот е тромбозата, пред сѐ прашањето зошто се формираат тромби во човечкото тело, но и како да се сведе на минимум веројатноста за нивно формирање.Патем, денес сѐ повеќе се зборува дека одржувањето здрав начин на живот и правилната исхрана помагаат за ослободување од болестите и за враќање на здравјето. Едно такво јадење е кисељот, кој во Русија уште од памтивек се користи не само за храна туку и како лек, кој е особено популарен во сезоната на респираторни инфекции и грип, а корисен е и при проблеми со срцето и вртоглавица, како и за чистење на црниот дроб и уште многу нешта.Покрај тоа, нашите руски стручни соработници се осврнуваат и нудат совети и за многу други теми поврзани со здравјето, како што се вода во коленото, прекумерно потење, болки во желудникот, но и цисти на јајниците и на бубрезите, како и регенерирање на желудникот.А ние, луѓето, може да се обидеме и сами да го регенерираме нашиот организам така што ќе се потрудиме околу нашето будење, и тоа буквално. Истражувањата покажуваат дека ранобудниците се помалку склони кон тешки и негативни мисли, тие се поголеми оптимисти, а тоа ги прави луѓето поефикасни, поотпорни на стрес, посмирени и поуспешни!Едноставно – кој рано станува, здрав заспива.Ваша Сузана МитревскаВо продолжение, ви претставуваме кои теми ги обработивме во овој број на „Руски доктор“:ТЕМА НА БРОЈОТ ТРОМБОЗА Секое, па дури и микроскопско оштетување на крвните садови бара регенеративна „операција“: се формира тромб за да се спречи понатамошна загуба на крв. Зошто се создаваат тромби во човечкото тело и како може да се сведе на минимум веројатноста за нивно создавање?ЗДРАВЈЕ5 Кој рано станува, здрав ќе заспие7 Ве мачи вода во коленото?8 Излечете го воспалението на увото9 Внимание: Аналгетици!10 Хроничниот стрес е пат кон лудило18 Често ждригање20 Тивка циста на јајникот22 Дајте му пауза на црниот дроб!24 Како правилно да се направат анализи Поврзани објави28 Циста на бубрег? Ќе помогне прополис30 Што да јадете кога ве боли стомакот?31 Посипувањето со шеќер ги зацелува раните33 Помош! Многу се потам!34 Десет факти за меланомот што ќе ве изненадатИСХРАНА37 Шест причини зошто да пиете ројбос38 Авокадо за убавина и младост39 Магичниот магнезиум40 Руски народен лек: Кисељ41 Кафето и притисокот42 Цимет: Царот на зачините!ПРИРОДА45 Лековитите својства на познатите печурки47 Лековитиот пеларгониум48 Сапунарка против кашлица и ждригавица50 Темелот на здравјетоТекст: Сузана МитревскаФото: Руски доктор