Пејачот Саша Ковачевиќ заедно со вереницата Зорана Тасовац и нејзината ќерка Искра отпатува во Пукет, каде ужива и во друштво на колегата Дарко Филиповиќ.
Заедничките фотографии предизвикаа вистинска лавина коментари на социјалните мрежи.
На секоја фотографија позираа видно расположени и во многу опуштено издание, што може да се види и во галеријата што следи.
Да потсетиме, Зорана и Саша неодамна ја подигнаа својата долгогодишна врска „на повисоко ниво“. Конечно, се случи и веридбата, а на еден од своите концерти Ковачевиќ истакна дека за него денес „само нејзината среќа е на прво место“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/darkofilipovic_official/