Почетна Убавина и здравје„Не можев да спијам“ – Ќерката на Гоца Божиновска ја откри својата агонија! Фановите со поддршка

„Не можев да спијам“ – Ќерката на Гоца Божиновска ја откри својата агонија! Фановите со поддршка

од nenad
1 минути читај за



Јелена Вучковиќ призна дека со години се борела со анксиозност и стравови.

Пејачката Јелена Вучковиќ, ќерката на познатата фолк ѕвезда Гоца Божиновска, откри дека со години се носела со трауми од детството. Таа неодамна стави крај на 13-годишниот брак, по што едвај успеала да се опорави и да продолжи со животот.

Во искрената исповед, таа призна дека во еден момент се затворила во четири ѕида и водела тешка битка со анксиозноста.

Од мали нозе ме следеа стравови, едвај успеав да се изборам со нив. Имаше моменти кога не можев да спијам, да јадам, губев килограми и постојано се прашував – ‘Што ќе биде?’“, искрено раскажа Вучковиќ.


Поврзани објави

Иако зад себе има тежок период, пејачката нагласува дека конечно се променила и сфатила дека животот нема реприза. Денеска успеала да ги победи стравовите и да продолжи понатаму со повеќе сила и самодоверба.

Во разговор за медиумите, Јелена откри дека повторно е заљубена и дека конечно може да каже дека е среќна. Со тоа таа покажа дека по долгата борба со сопствените демони, конечно успеала да ја пронајде својата внатрешна рамнотежа.

printskrin Youtube – amig show goca bozinovska