Цеца Ражнатовиќ во емисијата „Цеца шоу“ ги угости своите колешки Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ. Во текот на разговорот, пејачките ги поткачија „нормалните“ мажи, а Цеца откри дека не може да се снајде во љубовниот живот.
Ајде да ти најдеме дечко – рече Марија Шерифовиќ.
Пред малку ми рече Цеца, горе во соблекувалната: „Не можам да најдам некој нормален“, и јас ѝ велам, „Најди девојка како мене“ – додаде Јована низ смеа.
Светлана призна дека е повеќе за стрејт-врски, и дека нема наклонетост кон жените.
Да бидеме искрени, јас сум повеќе за ова второто – одговори Цеца.
Поврзани објави
Марија Шерифовиќ додаде дека никогаш не е доцна да се предомисли.
Навистина не можам да најдам дечко, Марија, можеби ти ќе успееш во тоа.
Колку време немаш дечко? – праша Шерифовиќ.
Долго, долго, три години. Откако Марија влезе во мојот живот, ниту еден маж не ме погледнал – изјави Ражнатовиќ.
Инаку, медиумите едно време ги поврзуваа Јована Пајиќ и нејзината менторка Марија Шерифовиќ, а долго време се шпекулираше дека се во емотивна врска. Јована сега призна дека таквите гласини повеќе не ги засегаат. Тие двете сега многу често се шегуваат за тоа.
Веќе не се ни браниме, всушност сега на луѓето им е непријатно затоа што веќе воопшто не ни е гајле за муабетите – призна пејачката.
Фото: Youtube printscreen/Blic TV