Една жена одлучила да го изненади својот сопруг на неговиот роденден со необичен и емоционален подарок – позитивен тест за бременост. Но наместо со радост и насмевка, неговата реакција била неочекувана и многу ја повредила, пишува Mirror.
Во една објава на Редит, таа ја сподели својата приказна, откривајќи дека таа и сопругот долго време се обидувале да имаат дете. Кога конечно дознала дека е бремена, решила да ја чува веста за себе три дена и да го изненади сопругот на неговиот роденден, верувајќи дека моментот ќе биде уште попосебен и поемотивен.
Не мислев дека тестот за бременост ќе биде проблем, бидејќи никој друг не беше присутен. Ако имавме голема забава, никогаш не би го направила тоа, бидејќи би го одвлекла вниманието од него“, појаснила емоционално.
Тестот го спакувала во мала кутија и му го дала да го отвори последен. Дотогаш, сопругот бил воодушевен од преостанатите подароци, но кога ја отворил кутијата со тестот – целосно се променил.
Одеднаш стана нервозен. Прашав што не е во ред, а тој ми рече дека е ‘глупав подарок’ и дека ‘не сум требала да го кријам тоа’. Беше шокиран што не му реков веднаш.“
Жената признала дека мислела дека ова ќе биде длабок и емотивен момент.
Мислев дека ќе биде среќен, особено затоа што толку долго сакаме дете“.
Но сопругот ѝ рекол дека е среќен што ќе имаат дете, но дека моментот во кој му кажала бил „ужасен“, бидејќи, како што изјавил, тоа бил неговиот роденден, а не „прослава на бременоста“.
Несогласувањето прераснало во расправија, а ноќта завршила така што сопругот спиел на каучот.
Целиот следен ден едвај разговараше со мене. Кога се обидувам да разговарам, само ми вели: ‘Престани, тоа е зад нас. Беше глупаво од твоја страна.’“
Таа додала дека тој не покажува никаква возбуда заради бременоста, не спомнува славење и не покажува знаци на среќа.
Поврзани објави
На секое прашање ми одговара со ‘да’ или ‘не’, или само нешто мрмори. Се чувствувам ужасно. Не мислев дека ова ќе биде лоша идеја“, вели таа.
На крајот, таа ги прашала корисниците на Редит дали направила грешка што му го дала тестот за бременост како подарок.
Еден од најпопуларните коментари беше:
Мислам дека тој всушност не сака деца“.
Во подоцнежно ажурирање, жената објаснила дека тие се во брак четири години и дека од самиот почеток на нивниот заеднички живот, и двајцата изразувале желба да имаат деца.
Една корисничка додала:
И јас му дадов на мојот маж позитивен тест за Божиќ – беше пресреќен! Јас сериозно би се загрижила за ваква реакција.“
Друга корисничка коментирала:
Ако му пречи што тестот го одвлекол вниманието од роденденската прослава, што мисли дека ќе направи бебето? Бебето бара внимание. Звучи како да е тој оној кој треба да порасне.“
Што мислите вие?
Текст: Убавина и здравје