Почетна Убавина и здравјеНе е нормално тоа што се случува таму! – Убавина и здравје

Не е нормално тоа што се случува таму! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дали ви се верува дека локалните жители на Канарските острови штрајкуваат со глад поради преголемиот број на туристи?

Проблемот со масовниот туризам е сè поизразен и сè потежок за локалните жители. Особено погодени се медитеранските земји Шпанија, Грција, Италија, но проблеми имаат и градовите како Амстердам и другите популарни туристички дестинации.

Се поставува прашањето зошто масовниот туризам ги загрозува локалните жители кога туристите оставаат пари?

Одговорот е: покачените цени на недвижнините. Странците купуваат станови, апартмани и викендички, а инвеститорите купуваат цели згради што ги претвораат во апартмани за изнајмување и со самото тоа, цените на недвижнините растат.

Станодавците ги исфрлаат потстанарите за да им изнајмуваат станови на туристи, па конкретно на Канарските острови, некои локални жители се принудени да спијат во своите автомобили дури и во пештери, додека други се иселуваат од станбените згради, кои се претвораат во хотели.

Во многу места во Грција семејствата тешко наоѓаат станови за долгорочно изнајмување, прескапо им е да купат сопствен имот, а на студентите во Солун и Атина особено тешко им е да пронајдат стан за наем за време на студиите.

Зголемениот број на туристи доведува до преоптоварување на здравствените установи, поради што локалните жители не можат да стигнат на ред да добијат неопходна здравствена нега.

На пример, на Санторини живеат 15.500 жители, а годишно го посетуваат повеќе од 2 милиони туристи. Меѓу другото, островот не може ефикасно да управуваат со отпадот што се создава во огромни количини.


Поврзани објави

Многу туристички дестинации, особено островите, имаат проблем со дефицит на вода, а само еден просечен комплекс троши 400 илјади литри вода дневно.

Кога ќе се земе предвид штетата што ѝ се нанесува на околината, таа е многу поголема од заработката од масовниот туризам на најпопуларните дестинации.

Некои држави веќе воведуваат одредени мерки, на пример, ја ограничуваат изградбата на нови туристички комплекси, воведуваат еколошки такси (како Грција), го наплаќаат влезот во заштитени делови од градот или во целиот град (Венеција), поставуваат лимит на летови, го ограничуваат бројот на посетителите на плажите и атракциите, наплаќаат влез во популарните плажи.

Народот во Шпанија, на пример, се бори со графити кои може да се видат на секој чекор: „Туристи, одете си дома. Туристи, не сте добредојдени. Туристи, почитувајте ја мојата земја и вратете се во својата.“

А на плажите оставаат лажни табли со предупредувања од типот: „Опасност од одрон на карпи. Забрането бањање поради смртоносни медузи. Канализација се влева во морето“ и слично.

Граѓаните на Амстердам отишле чекор подалеку, па јавно им порачуваат на британските туристи да се вратат дома и им кажуваат дека не се добредојдени, а ова е честа тема и во британските медиуми.