Почетна ПопуларноНе е на арно за Приштина? Американската делегација на чело со Шоле ја одложи посетата на Косово

Не е на арно за Приштина? Американската делегација на чело со Шоле ја одложи посетата на Косово

од nenad
1 минути читај за
t

Посетата на американската делегација на чело со потсекретарот на американското Министерство за одбрана Дерек Шоле на Приштина, која се очекуваше на 30 и 31 јули, е одложена, објави вечерва „Албаниан пост“.

Како што се наведува, не се познати причините за одложување на посетата.„Албаниан пост“ пишува и дека посетата на американската делегација на Приштина, која требаше да ја предводи Шоле, имала само една цел – „конечна проценка дали владата на Албин Курти ги гледа САД како партнер во процес на нормализација на Косово и Србија“.

Пред неколку дена медиумите објавија дека Шоле на 30 и 31 јули ќе биде во јужната српска покраина во друштво на сенаторот Крис Марфи и одредени членови на американскиот Сенат за национална безбедност, објави „Косово онлајн“.

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска