Почетна Убавина и здравјеНејзиниот златен костим за капење предизвикал бурни реакции – Убавина и здравје

Нејзиниот златен костим за капење предизвикал бурни реакции – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Познатата трендсетерка се надминала себеси – луѓето не знаат каде попрво да погледнат

Славните сестри Кардашијан / Џенер се познати по тоа што поставуваат нови трендови на дневно ниво. Овој пат, ријалити-ѕвездата Кајли Џенер, која деновиве ужива на одмор без љубовникот, одбрала минијатурно златно бикини кое ги нагласило сите нејзини облини.

И додека долниот дел, иако минијатурен, веќе е виден, сите се зачудиле од начинот на којшто го носи горниот дел на своето бикини.

Таа успеала да спои два тренда: бикини на едно рамо и наопаку облечено бикини, а со оглед на тоа што има бујно деколте, мора да признаеме дека оваа комбинација е крајно бомбастична.

Од друга страна, поради долниот кој ѝ го нагласил задникот, некои повторно се прашувале дали Кајли правела бразилско подигнување, што претходно го има демантирано.


Поврзани објави

Во оваа пригода се огласил и еден пластичен хирург, кој го анализирал нејзиниот изглед низ годините и открил дека  возможно е да не правела ништо со задникот, туку дека само ослабела и тренирала.

Што се однесува до градите, таа одамна има откриено дека ги оперирала уште пред да ја роди ќерката Сторми.

Останува да видиме дали овој тренд ќе завладее на плажите или пак е премногу смел за девојките што не сакаат да бидат во центарот на вниманието.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм