Почетна Убавина и здравјеТоа што го прават по 3 години е морничаво! – Убавина и здравје

Тоа што го прават по 3 години е морничаво! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Традицијата Манене во Индонезија е шокантна, а народот најмногу се плаши од духовите на предците

Според необичната традиција Манене во индонезиската регија Торај, во јужна Сулавесија, семејствата ги чистат, ги облекуваат, па дури и ставаат цигари во устата на ексхумираните тела на своите мртви роднини.

Додека се празни, тие исто така ја користат можноста да ги исчистат криптите на своите роднини. Тоа е ритуал што се случува во август секоја трета година.

Жителите трошат огромна количина на време и пари на погребите и дополнителните обреди, верувајќи дека смртта не е крај. Важно им е да ги смират духовите на нивните предци, бидејќи веруваат дека ако нивните предци се вознемирени, тоа може да доведе до лоша жетва на ориз.

Исто така, не е невообичаено телата да останат во домовите долго време по смртта, бидејќи семејствата штедат за раскошни погреби. За овој народ смртта е постепен и општествен процес. Телата на луѓето кои починале неодамна ги чуваат дома, понекогаш со години, додека семејството собере доволно пари за да го плати погребот.


Поврзани објави

Се верива дека духот на мртвите останува на светот пред да се одржи церемонијата за смртта. Потоа, душата ќе го започне своето патување во „Пуја“, земјата на духовите.

Колку подолго покојникот останува дома, толку повеќе може да заштеди семејството за погреб – а церемонијата ќе може да биде поголема и поскапа. Сложените погребни цермеонии може да траат и до 12 дена, а вклучуваат жртвување на десетина биволи и стотина свињи. Таквите церемонии може да чинат стотици илјади долари.

Денес, Торајаните главно се христијани, но нивните стари погребни обичаи, кои му претходат на нивното преобраќање во христијанството, и понатаму опстануваат.

Традицијата Манене, која се спроведува на три години (или повеќе, во завсиност од договорот на семејството) има цел да им оддаде почест на починатите роднини. Според верувањето, извршувањето на сите овие обреди ќе резултира со подобра жетва наредната година.