Света Ксенија Петроградска (Петербуршка) е една од најпочитуваните руски Светителки, чиј спомен сé повеќе се слави во сите православни земји.Иако Црквата во Русија ја канонизирала во последните децении на дваесетиот век, света Ксенија била сметана за светителка неполни два века од страна на рускиот народ, кој секојдневно се обраќал кон неа, просејќи го нејзиното молитвено застапништво.
Останувајќи вдовица рано во нејзината младност, оваа исклучителна личност го зела врз себе големиот подвиг на јуродивство Христа ради, облекувајќи го оделото на својот упокоен сопруг.Постојат многу малку податоци за нејзините родители и нејзиниот живот пред бракот. Сепак, некои истражувачи сметаат дека блажена Ксенија е родена 1731 година.
Познато е и дека Ксенија Григориевна примила добро воспитување и образование, и уште од детството знаела да чита и пишува. Се омажила на дваесет и две години, што по мерилата на тоа време се сметало за поодминато време.
Немате пари, среќа и работа во љубовта – помолете се на оваа светителка и ќе се случи чудо!
90