Македонската актерка Јелена Јованова повторно стана мајка во понеделникот (16.9), кога на свет го донесе својот втор син.
Актерката одлучи да ја чува и втората бременост во тајност, па среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, повторно станале родители ги изненади нејзините обожаватели. Да потсетиме, познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година.
Сега Јованова објави фотографија од својата втора бременост и фотографија од момчето, а воедно и го откри неговото име.
Поврзани објави
„Нашата нова животна сила. Тома. 16.9.2024“, напиша актерката во описот на фотографиите.
Да потсетиме, Јелена Јованова и Стјепан Периќ се запознаа за време на снимањето на серијата „Тајни“ (2013), која доживеа голем успех во Хрватска, но и во целиот регион.
Јованова и Периќ стапија во брак во ноември 2015 година, а свадбената прослава ја направија во Загреб.
Фото: Инстаграм Принтскрин @jelenajovanovaperic https://www.instagram.com/jelenajovanovaperic/