Изјавите на Ковачевски и Груби во одбрана на криминалниот тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д се изложени и побиени во сите свои аспекти. ВМРО-ДПМНЕ реагира, реководејќи се од познатата пословица: „Кој лаже тај и краде“, вели народот.
Вистинските факти целосно ги побиваат нивните лаги. „Груби“ и „Ковачевски“ уверуваа дека ќе ангажираат странски експерти да го водат надзорот, но им се исфрли дека македонските контроверзни фирми „Електра Солушн“ на Ампови и „Евро консалтинг“ – фирмата на криминалецот со потерница Бранимир Димитријевиќ, ќе земат 70% од мрсниот тендер. Од 22 милиони евра, „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони, а фирмата на криминалецот ќе наплати 7.1 милиони евра.
Власта уверува дека компаниите се реномирани, но „Електра Солушн“ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство единствено може да се пофали со шиење на долна облека.
„Груби“ и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградбата на автопати во Македонија. Ова треба да говори само по себе.“, вели во својата писмена реакција ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во место на многу реномирани странски експерти за надзор, се сведоа на само 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло.
„Секоја лага им падна во вода и тоа е истиот случај како кога лажеа за новиот менаџмент на „Ептиса“, па се испостави дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016-та, лажеа за реномет, а се испостави дека истата влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитријевиќ нема врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се испостави дека компанијата е поврзана со него. Ова треба да се разоткрие и Јавното обвинителство и Ислам Абази да не се кријат и да покренат постапка, бидејќи ова смрди на корупција и наместен тендер“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.