75
Локалната самоуправа на Неготин преку форуми со граѓаните ќе одлучува за приоритетите во општината, соопшти градоначалникот Горан Стојанов. Форумски сесии ќе бидат организирани во соработка со УНДП MK и Швајцарската агенција за развој и соработка како дел од проектот “Зајакнување на општинските совети-фаза 2”. Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да дебатираат и да даваат свои предлози. Овој проект ја финансираат Амбасадата на Швајцарија, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа. Граѓаните на Неготино беа поканети да учествуваат на втората форумска сесија во среда.