Почетна ЕкономијаНа „Табановце“ – 20 минути чекање за влез и излез

На „Табановце“ – 20 минути чекање за влез и излез

од nenad
1 минути читај за

На граничниот премин „Табановце“ се забележува пораст во прометот на возила при влез и излез од земјата. Времетраењето на чекање е приближно 20 минути.

Од Автомото сојузот на Македонија известуваат дека на другите гранични премини од македонска страна, не постојат подолги задржувања за преминување на границата.

Засилен е и обемот на сообраќај на патиштата вон урбаните подрачја.

АМСМ советува приспособена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со автомобилите, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА