Почетна СветНа преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници

На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници

од nenad
1 минути читај за

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“.

Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани кои се враќаат дома по годишниот одмор минат на албанското крајбрежје. Голем е и бројот на албански иселеници кои по одморите во родниот крај се враќаат во земјите каде живеат и работат, наведува телевизијата.

Ќафасан оваа летна сезона беше еден од граничните премини со најголем проток на патници и возила. Само во август на влез и излез се регистрирани над 300 илјади патници што е за над 20 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Според надлежните, во август на преминот се работело со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат колони и да нема подолго чекање.


Post Views:
37

Извор : vesnik-ilinden.com

На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници