Извршниот директор на компанијата ТехноАлпин, Ерих Гумерер денеска во Владата го презентираше планот како иден инвеститор за развој на Ски-центарот на Попова Шапка.- Ние сме компанија која е прва на пазарот за производство на вештачки снег. Попова Шапка е место со добра надморска височина. Сите знаат за Банско и Копаоник, но тука гледаме огромен потенцијал за ски-центрите, рече Гумерер.Немања Џого, претставник на ТехноАлпин, најави дека ќе се направат нови 16 патеки за скијање и 9 нови жичарници, од кои 2 на почетната фаза.- Во првата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, кои ќе бидат целосно автоматизирани и поврзани со софтвер. Ќе работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, со отворање на почеток на декември и затворање на крајот на март на зимската сезона, најави Гоџо.
За правњење на вештачки снег ќе има два резервоари на вода, кои на лето би биле посебни атракции. Ќе има и 15 километри патеки за крос-кантри скијање.Инвеститорот најави два нови спа-хотели на почеток, а ќе се искористат и постојните два хотела за реконструкција. Би се изградиле викендици блиску до ски-центарот и два планинарски домови со 160 места. Најавена е и изградба на ресторан за храна за носење, три нови паркинзи и улици кои ќе водат до новите хотели.Министерот за животна средина Насер Нуредини подвлече дека инвестицијата ќе биде 180 милиони евра и дека повик за инвестирање на Попова Шапка немало затоа што инвеститорот е избран од Владата како стратешки.