„Кабинетот за психолошка поддршка на пациенти со потешкотии со коцкање функционира, но во моментот се проширува и ќе функционира на „Мој Термин“, рече Арсова.
Освен тоа плановите на Клиниката се кабинетот за мајки и деца да прерасне во дневен центар за мајки и деца, а кабинетот за невроразвојни растројства да прерасне во дневен центар за деца и млади.

Во соработка со клиниката за онкологија Клиниката отворила и кабинет за психолошка поддршка на пациенти со онколошки заболувања.На Клиниката за психијатрија заврши реновирањето што почна на 15 мај 2023 година, преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство.


За време на реновирањето пациентите беа пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје а детскиот оддел привремено функционираше во ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.