Почетна МакедонијаНајмногу снег во Дебар, најстудено на Попова Шапка

Најмногу снег во Дебар, најстудено на Попова Шапка

од nenad
1 минути читај за

-Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40,  во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14,  во Прилеп 13, во Куманово и  Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5,  информира УХМР.

   

За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени.