76
Најмалку седум лица го загубија животот во налетот на ураганот „Берил“ во американските држави Тексас и Луизијана, а во тек е акција за приклучување во електромрежата на повеќе од два милиони потрошувачи кои вчера останаа без напојување со електрична енергија, објавија денеска американските медиуми.
Ураганот „Берил“ ги погоди Тексас и Луизијана со обилни врнежи од дожд, а повеќе од 21 милион луѓе се во опасност од поплави од Арканзас до Мичиген, објави Ен-Би-Си.
Најмалку шест лица загинаа во Тексас и едно во Луизијана како последица на ураганот кој од изутрината се движи кон североисток. рп/Фото: ЕПА .
Извор: МИА