Почетна ЕкономијаНајмалку еден човек загина, а 55 се повредени во рускиот напад врз Павлоград

Најмалку еден човек загина, а 55 се повредени во рускиот напад врз Павлоград

од nenad
0 минути читај за

– Во денешниот руски напад врз Павлоград во областа Днепропетровск загина најмалку еден човек, а повредени се 55, од кои три деца.

Според украинското военовоздухопловство, руските сили употребиле ракети Искандер-М или севернокорејски балистички ракети КН-23, што биле истрелани од руските региони Воронеж и Ростовски.

Во индустрискиот град Павлоград пред војната имаше над 100,000 жители.

Градот е важен железнички јазол во регионот Дњепропетровск, поврзувајќи го со источниот дел на Украина, каде руските вооружени сили полека напредуваат кон градот Покровск.  ми/фото: Икс .

Извор: МИА