Пригответе ја брзо и уживајте во богатиот вкус на трите фила
Интерконтиненталната торта важи за еден од омилените свечени десерти, а оваа поедноставена верзија ви овозможува да уживате во нејзиниот богат вкус, без да печете кори. Комбинацијата од чоколадна подлога, ореви, кокос и воздушест крем создава торта која изгледа многу декоративно кога ќе се исече.
Состојки:
За подлогата:
- 300 г мелени бисквити
- 125 г путер
- 100 г мелени ореви
- 30-100 г шеќер во прав, по вкус
- 50-200 мл млеко или сок од портокал
За филовите:
Поврзани објави
- 1 пакување инстант-смеса за кремпита
- 600 мл млеко
- 500 мл слатка павлака
- 100 г црно чоколадо
- 200 г мелени ореви
- 100 г кокос
Приготвување:
Стопете путер и соединете го со мелени бисквити, ореви и шеќер во прав. Постепено додавајте млеко или сок од портокал додека добиете компактна смеса. Втиснете ја во калап и оставете ја во фрижидер.
Изматете го инстант-кремот за кремпита со млеко според упатствата на пакувањето. Посебно изматете ладна слатка павлака, па постепено соединете ја со кремот. Добиената смеса поделете ја на три дела.
Во првиот додајте кокос, во вториот стопено и оладено чоколадо, а во третиот, мелени ореви. Преку подлогите прво распоредете фил со кокос, потоа чоколаден, а на крајот, фил со ореви.
Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа да се стегне. Пред послужување можете да ја украсите со рендано чоколадо, ореви или шлаг.