Почетна МакедонијаНајде кој да кажува: Македонците да можат ќе го присвојат и Роналдо, вели бугарски фудбалер

Најде кој да кажува: Македонците да можат ќе го присвојат и Роналдо, вели бугарски фудбалер

од nenad
1 минути читај за

Бугарскиот напаѓач Кирил Десподов во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ говореше на повеќе теми, меѓу нив и натпреварот против Македонија од Лигата на нациите. Кажа дека неговиот најважен гол во дресот со државниот грб е против нашиот национален тим.

Истовремено, тој се сврте и кон написите во медиумите дека потекнува од македонско семејство затоа што е од градот Кресна, место близу Македонија.

„Еден од најважните голови ми е против Македонија. Ме допре што ни ја исвиркаа химната, ама затоа ги победивме. Македонците ја победија Македонија? Ако ги прашаш Македонците, ќе си го присвојат и Роналдо. Тоа што сум од Кресна, место кое е близу Македонија и го нарекуваат македонскиот крај…не значи дека сум Македонец. На мојот пасош стои бело-зелено-црвено“, изјави напаѓачот.

Извор: Гол.мк

Инспирирано од: infomax.mk