Почетна МакедонијаЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

од nenad
1 минути читај за




Ракометарките на Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија во женска конкуренција откако во финалето славеше против ЖРК Чаир убедливо со 36:24 (19:14).
Најефикасна кај победничките беше Анастасија Николовска со седум погодоци, а еден помалку забележа Емилијана Ризоска. На спротивната страна седум пати во листата на стрелците се запиша Бојана Диневска,
По завршувањето на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје прогласена за МВП беше Марија Јанкуловска од редовите на ЖРК Ѓорче Петров. Ленора Рахмани од ЖРК Чаир е прогласена за најдобар стрелец, додека Магдалена Којовиќ исто од ЖРК Чаир е прогласена најдобра голманка.