Почетна Убавина и здравјенајдете начин да работите помалку наместо повеќе? – Убавина и здравје

најдете начин да работите помалку наместо повеќе? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Познато е дека, кога Хенри Форд им го намалил работното време на своите вработени од четириесет и осум на четириесет часа неделно, открил дека продуктивноста им се зголемила. Ова откритие на Форд целосно се совпадна со ставовите на движењето за работнички права, кое се бореше за пократки работни недели во корист на работниците.

Во текот на следните две децении, 40-часовната работна недела стана почеста во различни индустрии, додека на крајот стана американска норма.

Што се случува кога работиме повеќе од 40 часа неделно?

Се случува да сме под голем стрес, а да не сработиме повеќе. Имено, колку повеќе човек работи над границата од 40 часа неделно, толку е понеефикасен и понепрецизен во својата работа. Кога ќе надмине 50 работни часови неделно, човек е непродуктивен како воопшто да не работел. Потоа, колку е подолга работната недела, толку е поголема веројатноста дека ќе отсуствува од работа во наредните недели… по период на напорна работа и фокусираност, на луѓето им треба време за одмор.

Мрзливоста на вработените, која очигледно им е трн во окото на многу менаџери, всушност не постои.

Оние навидум мрзливи вработени, чие внимание го одвлекуваат споредни активности, всушност го даваат својот максимум. А главната причина зад сето ова е начинот на кој човечкиот мозок го обработува вниманието“, вели Девон Прајс. Нашето внимание е ограничено и неговата ефикасност нема никаква врска со волјата.

Поврзани објави

Потребно е да се вложи голем труд за да се насочи вниманието на иста работа подолго време и затоа се неопходни периоди на одмор или мрзливост. Ако не се случи тоа, работата што ја работиме станува сè помалку значајна и посебна. Прегорувањето на работа не само што предизвикува болести туку и го уништува човечкиот идентитет.

На сајтот Wild Mind ќе најдете прашања кои ги одразуваат вредностите што треба да ги ставите пред туѓите приоритети и кои ќе ви помогнат да ги направите продуктивни часовите поминати на работа наместо да ве доведат до прегорување:

  • Кога сум најмногу во свој елемент?
  • Што е тоа што не ме прави среќен? Што ми изгледа морничаво?
  • Што ми е бескрајно фасцинантно?
  • Кога бев најсреќен?
  • Кои се луѓето со кои сакам да работам?
  • Што ми треба?

Како да знаете дали сте „прегореле“?

Научниците развија мерен инструмент (MBI, Maslach Burnout Inventory), кој служи за полесно идентификување на оваа состојба. Еве некои од ставките што укажуваат на тоа:

  • Се чувствувам како да ми снемува сила.
  • Се чувствувам уморно кога станувам наутро и морам да се соочам со уште еден ден на работа.
  • Се чувствувам емоционално истоштено од работата.
  • Немам чувство дека мојата работа има позитивно влијание врз животите на другите луѓе.
  • Не постигнав голема вредност и значење во оваа работа.

Текст: Лидија Ќулибрк