Фантастична пита, одлична за појадок, ужина или за кој било оброк
Оваа пита е идеална кога сакате брз и вкусен оброк за своето семејство.
Без кори, со сочен фил од компири, гриз и сирење, оваа пита ќе ве воодушеви на прво залаче.
Едноставно се приготвува, а резултатот е јадење што сите ќе го обожаваат.
Состојки:
- 3 јајца
- 2 компира
- 2-3 полни лажици гриз
- 1/2 прашок за печиво
- малку сирење
- 3 лажици јогурт
- 3 лажици масло
- малку сол
Поврзани објави
Приготвување:
Изматете јајца, додајте гриз и прашок за печиво, јогурт и масло и сето тоа добро измешајте го.
Додајте рендан компир и малку сол, па сето тоа внимателно измешајте го.
Сипете ја смесата во плех со пречник од 22 см, обложен со хартија за печење.
Печете во рерна загреана на 200 степени, 45-50 минути, додека питата добие златно-кафена боја.
Можете да ја јадете топла или оладена, сама или со јогурт и свежи зачини.