Прекрасен амбиент, уште попрекрасни гости, богата програма, успешни панелисти и модератори, огромен број изненадувања – сето ова е синоним за ПРОФЕМИНА!И оваа година, регионална конференција за жени „Профемина“, која ја организира лиценцираното списаниe „Убавина и здравје“ се одржа во прекрасна атмосфера, на 8 декември, во хотелот „Холидеј Ин“ во македонската престолнина.Годинава конференцијата можеби беше и најпосетена, на огромно задоволство на организаторите, но и на панелистите, еминентни личности и звучни имиња во сферата за здравјето, убавината, образованието, бизнисот, уметноста, социјалните мрежи и јавниот живот.Присутните гости имаа уникатна можност на едно место да ги испробаат и тестираат производите на Vichy, La Roche Posay, Esensa, Revalid и BioGaia, Violeta We Care, како и да се освежат со водите на Ladna и топлите напивки Franck.Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата: Inebrya, Revalid, Vichy, La Roche-Posay, Esensa, Violeta, Herbalife Nutrition, парфеми од Matoss Cosmetics, ваучер за професионална шминка и Phi brows од Microblading Jeta, „Убавина и здравје“ подари ваучери за часовници и накит, U&Z brands подари вредно модно парче од спортската колекција на бразилскиот премиум-бренд CAJU BRASIL, а главниот подарок беше златен накит од Ador Gold.Најбрзите ранобудници, кои први влегоа во салата, ги пречека слатко изненадување на столчето – пакетче со производи од Esensa и протеинска плочка од Herbalife Nutrition за енергија. Поврзани објавиПомеѓу секоја дискусија имаше кратка пауза, за време на која гостите можеа да ги пробаат напивките на Franck и Ladna, како и извлекување на добитниците што учествуваа во лотаријата.Подетално за секој од панелите на конференцијата можете да прочитате ТУКА.„Профемина 2022“ заврши со доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот и се погрижи за тоа сите посетители да си заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.Во продолжение, ви ја претставуваме атмосферата на конференцијата.
(ВИДЕО) Ѕирнете во годинешната регионална конференција за жени „Профемина“
107