Ако сакате лесни овошни десерти што се приготвуваат без компликации, питата со јагоди и ванила-пудинг е совршен избор за топлите денови. Комбинацијата од крцкави кори, сочни јагоди и богат, кремаст фил создава десерт со полн вкус, а приготвувањето е исклучително едноставно, без развлекување тесто.
Состојки:
✔️ 500 г готови кори за пита
✔️ 600–700 г јагоди
✔️ 1 л млеко
✔️ 2 кесички пудинг од ванила
✔️ 6–8 лажици шеќер
✔️ 1 ванилин шеќер
✔️ 100 мл масло или растопен путер
✔️ 2–3 лажици гриз или мелени бисквити
✔️ шеќер во прав
Приготвување:
Поврзани објави
Пудингот се вари во млекото со шеќерот и се остава малку да се излади. Јагодите се сечкаат и по желба лесно се посипуваат со шеќер за да пуштат сок.
Корите се премачкуваат со масло, потоа се додаваат пудингот и јагодите, по што се виткаат во ролни или се редат во тава. За дополнителна стабилност и текстура може да се додаде гриз или мелени бисквити.
Питата се пече околу 30 минути на 180 степени, додека добие златна боја и крцкава коричка. На крај се посипува со шеќер во прав и се служи ладна или млака.
Фото: Magnific.com