Почетна МакедонијаНАПАДОТ ВО ГЕРМАНИЈА ГО ИЗВРШИЛО 15-ГОДИШНО МОМЧЕ Полицијата го приведе, ама не открива детали

НАПАДОТ ВО ГЕРМАНИЈА ГО ИЗВРШИЛО 15-ГОДИШНО МОМЧЕ Полицијата го приведе, ама не открива детали

од nenad
1 минути читај за

Началниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо друго да соопштат во однос на истрагата додека таа е во тек. И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одбила да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласила дека нема да ги објавува неговите фотографии.

Петнаесетгодишно момче е уапсено за нападот во кој загинаа три лица, а осум се тешко повредени, . Нападот се случи во германскиот град Солинген, вчера околу 21:45 часот. „Германската полиција соопшти дека во врска со овој случај уапсила 15-годишник“, пренесе Би-би-си.

Началниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо друго да соопштат во однос на истрагата додека таа е во тек. И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одбила да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласила дека нема да ги објавува неговите фотографии. Нападот се случи за време на прославата на 650-годишнината од основањето на градот.

 

Полицијата навела дека се уште е нејасен мотивот, но дека не може да се исклучи дека бил „терористички“. Градоначалникот Тим ​​Курцбах вели дека оние кои присуствувале на настанот се во состојба на „шок, ужас и голема тага“. Убиецот избодел неколку посетители на фестивалот и првично успеал да побегне.

– Тој бодеше луѓе по случаен избор пред бината – изјави инспекторот Саша Креста од полицијата во Вупертал.